вторник, 1. декември 2020. Вести денес: 2
home Култура

5 ГОДИШНИОТ ЈУБИЛЕЈ ОД ЗАШТИТАТА ВО УНЕСКО

5 ГОДИШНИОТ ЈУБИЛЕЈ ОД ЗАШТИТАТА ВО УНЕСКО

По којзнае кој пат грмнаа тапаните… Засвире ќеменето, се заигра соборското оро “Копачка”… Членовите на ЗФГ “Копачка” с. Драмче се наредија во бескрајниот вез на ова соборско оро кое од памтивек го игра пијанечкиот народ на сите собори, прослави и посебни пригоди до ден денес.

Денеска Соборското оро “Копачка” од село Драмче го одбележа 5 годишниот јубилеј од запишувањето на репрезентативната листа на УНЕСКО на нематеријални културни наследства на човештвото.

Програмата започна со дефиле по улиците во централното градско подрачје во Делчево а продолжи со пригодна свеченост во Спомен домот АСНОМ.

Живата легенда на Македонскиот фолклор Димитар Узунски во свое обраќање пред присутните ги истакна своите најдраги спомени од неоморното долгогодишно работење со Копачката.

Посака како свој аманет за младите генерации орото да опстои во својата изворна форма уште многу години

На настанот беше промовирана книга ” 5 Години Копачката во УНЕСКО” чиј автор е Перса Стојановска која е секретар на ЗФГ “Копачка” с. Драмче.

Промотор на ова издание кое од денес се вбројува во редот на големиот број и бележити останати публикации за Копачката беше Миле Ѓорѓијоски.

Во рамки на културно-уметничката програма на настанот настапија покрај домаќинот ЗФГ “Копачка” с. Драмче и членовите на КУД “Русалии” с. Секирник, струмичко, ФА “Китка” Истибања, Фондација “Леб и вино” Сандански, Бугарија, Народно читалиште “Петар Берон” с. Лебница, Сандански, Група за автентичен фолклор при читалиштето “Иван Чаушки” од с. Логодаж , Бугарија.

На настанот беа доделени пригодни признанија на повеќе поединци кои дале свој допринос при процесот за зачувување на Копачката во УНЕСКО.

извор: bregalnicki.mk

Коронавирус