вторник, 18. јануари 2022. Вести денес: 58
home Култура

25 ГОДИНИ ОД „САМОУНИШТУВАЊЕ“: Ќе ти купам десетка со кромид да се осеќаш ко кинеска краљица

25 ГОДИНИ ОД „САМОУНИШТУВАЊЕ“: Ќе ти купам десетка со кромид да се осеќаш ко кинеска краљица

Пролетта 1996 година, во скопската киносала „Центар“ премиерно беше прикажан филмот „Самоуништување“ во режија на Ербил Алтанај, по сценарио на Сашко Насев, со Јовица Михајловски во главната улога.

25 години подоцна Кинотека се обидува да ја „измери“ неговата важност во македонската кинематографија и културната јавност.

Филмот трае 97 мин, а улогите ги играат Јовица Михајловски, Катерина Коцевска, Оливер Митковски, Јелена Мијатовиќ-Галевскa, Силвана Ерац, Бајруш Мјаку, Благоја Чоревски, Тони Михајловски, Валентина Божиновска.

Директор на фотографија е Синан Ѓунѓур, монтажа Демир Кесман и Мевљит Кочак, музика и изведба на  Влатко Стефановски, костимографијата е на Невенка Тасева-Петровиќ, сценографија на Роберт Пашовски, а продуценте е Нова продукција – Скопје.

САМOУНИШТУВАЊЕ е урбана трагикомедија чија тема е распаѓањето на семејството, кризата на поединецот врзана со духот на времето во кое се случува дејството, семејна морална драма која може да се смести и во кое било време и место.

Куплунг (Јован) е таксист, човек без морални предрасуди, силеџија и љубовџија, човек што ги почитува само своите страсти. Сценариото суптилно назначува дека порано бил егзекутивец во валканите операции на комунистичката тајна служба, што само ја зголемува неговата фрустрација заради неостварениот, а посакуван општествен статус. Уникатен според бестијалниот карактер на сексуален предатор, тој саможив балканоиден мачо-мен на Михајловски веднаш по премиерата на филмот стана општопопуларен „чичко Куплунг“, анти-херој со култни и често цитирани реплики. „Ќе ти купам десетка (ќебапчиња) со кромид да се осеќаш ко кинеска краљица!“ е една од нив.

Тој кон сопругата Стојна, работничка во фабрика, се однесува како кон сопственост, па таа ропски послушна ги исполнува неговите барања и го поднесува неговото грубо и простачко однесување.

И Цоле, неговиот син студент, е малтретиран од него. Единствена слабост Куплунг покажува кон неговата љубовница Шила, кафеанска пејачка, која сепак се мажи за полицискиот инспектор Славчо (Цацко), брат на Стојна. Само тогаш Куплунг е исфрлен од шемата по која живее и веднаш бара нов сексуален објект.

И Вилма, наивната девојката на Цоле, е жртва на Куплунг , можеби најтрагична: Куплунг ја силува, а таа потоа станува негова љубовница. Од оваа тајна врска Вилма забременува. При една брутална сцена на насилство на Куплунг врз Стојна, Цоле го напаѓа таткото и го удира по главата со пиштол. Куплунг потоа останува инвалид врзан за количка. Цоле се жени за Вилма, таа раѓа син, а Стојна и понатаму ропски ја поднесува судбината обременета со нови тешкотии.

повеќе на Кинотека

Коронавирус