вторник, 23. октомври 2018. Вести денес: 62
home Македонија

Кралска пита од јаболка

Кралска пита од јаболка

Феноменален колач од јаболка – се прави брзо и лесно!

СОСТОЈКИ ЗА СУВА СМЕСА:

3 чаши глатко брашно (360 гр)

2 чаши гриз (360 гр)

1 чаша шеќер (180 гр)

1 ванилин шеќер

5 гр сол

1 кесичка прашок за печиво

100 гр мелени ореви

СОСТОЈКИ ЗА ВЛАЖНА СМЕСА:

2 кг јаболка

1/2 чаша шеќер (90 гр)

1 кесичка ванилин шеќер

1 лажичка цимет

100 гр суво грозје

2 лажици рум или арома

250 гр путер намаз

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Сите суви состојки додајте ги во поголем сад и добро измешајте.

Во друг сад ставете ги сите влажни состојки по упатството од видео рецептот. Исто така добро измешајте.

Со путер намастете лим со димензии 35х30. Ставете 2,5 чаши сува смеса преку и распоредете. Влажната смеса поделете ја на половина, па едниот дел распоредете го преку сувата смеса.

Сега повторете ја постапката, преку влажната смеса ставете 2,5 чаши сува смеса па распоредете ја останатата влажна смеса. За крај преку влажната смеса посипете го остатокот од сувата смеса.

Преку сè ставете листови путер. Печете во претходно загреана рерна на 200 степени 45 минути па изладете.

Посипете со шеќер во прав и уживајте!