среда, 8. декември 2021. Вести денес: 0
home Македонија

Коњановски: Прашањето за здрава и чиста животна средина во Битола нема да биде на маргините

Коњановски: Прашањето за здрава и чиста животна средина во Битола нема да биде на маргините

Кандидатот за градоначалник на Битола од ВМРО ДПМНЕ, Тони Коњановски изјави дека прашањето за здрава и чиста животна средина во градот нема да биде на маргините, ниту заборавено како што тоа било во изминатите четири години.

Коњановски посочи дека Општина Битола ќе биде енергетски ефикасна општина, по изградбата на примарната мрежа со која се гарантира обезбедување приклучок за гас до секој дом.

– Гарантираме субвенции за соларни фотоволтаични панели, гарантираме сто процентна покриеност со штедливо лед јавно осветлување, а како нова локална самоуправа гарантираме еднократни субвенции за велосипеди и тротинети на електричен погон. Како нов градоначалник ќе ги реализирам проектите за субвенционирање на енергетско ефикасни фасади и субвенционирање на замена на покривите на зградите за колективно и индивидуално домување кои имаат покриви од салонит, истакна Коњановски.

ВМРО ДПМНЕ и коалицијата „За обнова на Македонија“ во локалната програма планираат постојано зголемување на нови зелени површини и редување на постојаните.

– Ќе извршиме уредување на околината на црквата „Св. Четириесет маченици“, пошумување на Кркардаш, пошумување на Билбил камен, зелена архитектура, изградба на центар за управување со отпад, воведување на концептот на циркуларна економија преку паметно управување со отпадот, целосен третман на отпадните води и секако гарантираме финализирање на проектот за Пречистителната станица и колекторскиот систем, посочи Коњановски.

Коронавирус