петок, 29. јули 2022. Вести денес: 0
home Македонија

Комисијата за заразни болести со важно соопштение за ситуацијата со коронавирусот во земјава

Комисијата за заразни болести со важно соопштение за ситуацијата со коронавирусот во земјава

Комисијата за заразни болести на денешниот состанок констатираше дека има зголемување на бројот на позитивни случаи на Ковид 19 во однос од минатата недела, и тоа зголемувањето изнесува 65.8%. Воедно, констатирано е дека нема зголемување на бројот на хоспитализации (во моментот се хоспитализирани 10 пациенти со Ковид) и нема зголемување на бројот на смртни случаи, се вели во соопштението на комисијата за заразни болести.

-Согласно овие параметри и земајќи го предвид трендот на зголемување на позитивните случаи од Ковид во соседните држави и светот, потсетуваме на обврската за задолжително носење маски во здравствените установи, згрижувачките установи, аптеките и јавниот превоз. Дополнително, препорачуваме граѓаните да бидат совесни, да го заштитат сопственото и јавното здравје и да ги применуваат општите мерки за заштита, како што се: заштитна маска , одржување растојание и почесто миење раце. Комисијата за заразни болести внимателно ја следи состојбата и во зависност од промените ќе донесе соодветни препораки, истакнуваат од комисијата.

Коронавирус