среда, 27. јануари 2021. Вести денес: 13
home Македонија

Кој е Бекир Асани? Зошто МВР почна да објаснува дека пајакот ја тепал полицајката?

Еве само неколку примери: Нападот врз новинарот Лирим Дулови во 2008 година, заканите кон Зоран Заев на почеток на 2016 година, демолирањето на споменикот на Цар Душан кон крајот на 2013 година, нападот врз Тодор Петров кон крајот на 2016 година.
Кој е Бекир Асани? Зошто МВР почна да објаснува дека пајакот ја тепал полицајката?

По нападот на полицајката од страна на Бекир Асани, таа се сретна со министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. По средбата се кажа дека во суштина таа сама се удрила. Спасовски по реакциите повика доколку има поинакви докази да му се достават.

Но, како и да е наместо со кривична, Асани заврши со прекршочна пријава. Зошто прекршочна кога станува збор за службено лице на МВР? Има ли причина министерот за внатрешни работи да се плаши од  Асани? Одговорот можеби може да се добие од минатото и постапките на Асани.

Еве само неколку примери: Нападот врз новинарот Лирим Дулови во 2008 година, заканите кон Зоран Заев на почеток на 2016 година, демолирањето на споменикот на Цар Душан кон крајот на 2013 година, нападот врз Тодор Петров кон крајот на 2016 година.

Со кои случаи се поврзува Асани?

На почетокот на март 2016 година градоначалникот на Чаир, Изет Меџити и претседателот на општинската организација на ДУИ во Чаир, Асани беа на распит во СВР Скопје за нападот врз Тодор Петров. Причина за распитот беше тоа што Асани го нападна Тодор Петров, односно Петров го посочи како еден од неговите напаѓачи по осветувањето на крстот во Бутел. Асани тогаш негираше дека тој го истепал Петров, а Артан Груби изјави дека претпоставува  дека претседателот на СМК најверојатно се сопнал и удрил.

Протестите поради изградбата на крстоти ги најавуваше ДУИ за пред општина Бутел.

Подоцна првиот човек на ДУИ во Чаир, Бекир Асани кон крајот на март 2016 година бил уапсен, па експресно пуштен на територијата на соседна Србија.

Според информациите кои гиобјавуваа медиумите, Асани бил уапсен за сообраќаен прекршок на тероторијата на Бујановец, но што точно се случило, не се објавени подетални информации.

Ало.рс нагласи дека во Србија веројатно никој не би знаел кој е уапсениот ако за него не реагирала српската амбасадорка во Македонија.

-Дури по пуштањето, нашите сфатиле кого имале во раце и колку лесно го пуштиле, а најлошо од се е што никој не ја знае причината за доаѓањето на Асани во Србија, и тоа баш во време на жешката предизборна атмосфера. Има индиции дека на територијата на Србија се наоѓаат уште неколку опасни луѓе од Македонија, но никој не ја знае точната причина за нивното доаѓање, пишува Ало, а пренесуваа македонските медиуми.

Според весникот, за ослободувањето на Бекир Асани реагирал македонскиот пратеник Артан Груби лично кај амбасадорката на Србија во Македонија, Душанка Дивјак Томиќ.

Асани му се закануваше и на Заев кога тој ги објавуваше нелегално стекнатите снимки. На Зоран Заев му било посочено дека ќе се соочи со сериозни последици доколку и понатаму продолжат да се објавуваат незаконски прислушуваните материјали со коишто располагаше тој,  но и лица блиски до СДСМ.

Во однос на членот на СДСМ и близок пријател на Заев, Захир Бекири Чауш, од страна на Бекир Асани било посочено дека за него е побезбедно да остане во затвор и да каже каде се ги продал и дистрибуирал снимките кои му биле предадени од Заев, пишуваа на почетокот на 2016 година медиумите.

Асани исто така беше дел од групата која учествуваше во демолирањето на споменикот Цар Душан. Што се случи кон крајот на декември 2013 година.

Меѓу другото Асани е познат и по тоа што во 2008 година физички го нападна новинарот Лирим Дулови во зградата на македонското собрание.

Сите овие инциденти со кои тој се поврзува се регистрирани од страна на МВР.

 

Коронавирус