петок, 15. јануари 2021. Вести денес: 132
home Македонија

Како хороскопските знаци се однесуваат на плажа?

Како хороскопските знаци се однесуваат на плажа?

Летото е пред нас, а секој од хороскопските знаци на различен начин ужива во летните денови.

Овен

Овните немаат многу нерви за мирно лежење на плажа и печење на сонце. До 10 наутро тие веќе пливале долго и се одмориле, а потоа се пријавиле за турнир на одбојка на песок и си ја испланирале вечерта. Ако ги видите нервозни, тоа е поради некое семејство чии деца им врескаат над глава, додека се обидуваат мирно и боемски да уживаат во својот ручек.

Бик

Биковите на плажа ќе ги препознаете поради многуте работи кои ги носат со себе. Ако не најдат место под сенка, со себе ќе носат огромен чадор, фрижидерче со пијалоци и масла за сончање. Ако сакате да ги развеселите, почестете ги со добар сладолед или коктел.

Близнаци

Близнаците се душата на секоја забава. Едвај чекаат да отидат на плажа и да започнат разговор со луѓето, без оглед на тоа дали станува збор за времето, медузите, новиот летен хит или пак цените во летувалиштето. Тие не се мирни ниту 5 минути, а ако не зборуваат со вас, најверојатно се на својот мобилен, следејќи ги сите новости.

Рак

Раковите избираат плажа со најчиста вода и многу луѓе. Но, се трудат да се однесуваат како да се невидливи. Ставаат огромен шешир и наочари за сонце и читаат некоја романтична книга. Долго можат да останат на плажа, заборавајќи дека треба да се тргнат од сонцето.

Лав

Кралот на хороскопскиот знак сака своја публика, па на плажа ќе отиде со својот нов костим за капење, торба за плажа, телефон за под вода или најновиот наслов на книга. Тие сакаат да бидат на плажи каде можат да привлечат внимание. Лавовите се личности кои уживаат да бидат на нудистички плажи.

Девица

Неподготвеноста за плажа  не е главната карактеристика за Девиците. Тие се толку подготвени така што можат дури и да ве извадат од такт поради претераното планирање. Знаат точно каде ќе се сончаат, колку време ќе се сончаат, со кој фактор и на која плажа. Не оставаат ништо на спонтаноста и не трошете го своето време за да ги убедите да бидат спонтани или да отидат на некоја авантура.

Вага

Вагите се средени дури и на плажа. Тие имаат беспрекорен костим за капење, убав пешкир, модерни наочари за сонце, па дури и фризура за жените. Вагите сакаат внимание и за нив најголемата катастрофа е да бидат на плажа на која ќе нема луѓе што им се восхитуваат.

Шкорпија

Шкорпиите сакаат да минуваат време во вода и да нуркаат, но плажата за нив е место за заведување. Ако се со својот партнер, тие ќе се потрудат да ги убедат да имаат секс на отворено, а ако се сингл, веднаш ќе се фрлат на заведување.

Стрелец

Стрелците се личности кои никогаш нема да прифатат обични плажи. Тие сакаат да скокаат со падобран, да скијаат на вода, да кајакарат и немаат многу време и волја  да лежат на плажа. Често им одат на нерви на своето друштво бидејќи постојано предлагаат нова авантура.

Јарец

Јарците не можат да одат на плажа без својот лаптоп, но наместо да одговараат на меиловите за работа, скришно наоѓаат нови места за забава во близина. Сакаат да лежат во сенка, да читаат добра книга, но и со едното уво да слушаат што другите зборуваат во околината.

Водолија

Кога се со својата сакана личност на плажа, тие се опседнати со нив. Не сакаат да се одвојат и сакаат сите нешта да ги прават заедно. Кога одат со пријателите, се однесуваат како во ноќен клуб. Може да се случи да испијат толку коктели така што ќе заспијат на плажа и ќе изгорат на сонце.

Риби

Ако некој сака море и плажа, тоа се Рибите. Подготвени се да се пробудат во зори и да одат на плажа уживајќи во утринското пливање. Нивната претерана заинтересираност за плажа понекогаш им оди на нерви на другите, бидејќи се како будилник.

Коронавирус