вторник, 26. октомври 2021. Вести денес: 126
home Македонија

Јаулески: Полицискиот час за “хуманитарците” од штабот на СДСМ Струга не важи, ќе дојде денот кога ќе одговарате за сите злоупотреби!

Јаулески: Полицискиот час за “хуманитарците” од штабот на СДСМ Струга не важи, ќе дојде денот кога ќе одговарате за сите злоупотреби!

Полицискиот час за “хуманитарците” од штабот на СДСМ Струга не важи, реагира преку Фејсбук претседателот на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, Јован Јаулески.

После многубројните примери од Куманово, Битола, Прилеп најверојатно дојде редот и во Струга да се злоупотребува тешката состојба и да таргетира одредена популација со списоци, спротивно на сите препораки и во време на полициски час.

Народот е свесен дека СДСМ во скоро сите општини прави злоупотреба со хуманитарните пакети преку одредени институции.

Начинот на кој сакате да обезбедите “глас плус” ќе ви се удри од глава затоа што го потценивте народот, го омаловаживте и пониживте.

Ќе дојде денот кога ќе ја добиете најголемата казна од народот, а дотогаш терајте со вашите залоупотреби!

П.С ќе дојде денот кога ќе одговарате за сите злоупотреби!, порачува лидерот на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.

Полицискиот час за "хуманитарците" од штабот на СДСМ Струга не важи. После многубројните примери од Куманово, Битола,…

Gepostet von Јован Јаулески am Donnerstag, 16. April 2020

Локални избори 2021