сабота, 28. март 2020. Вести денес: 95
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Македонија

Јарецот ќе добие унапредување, Овенот ужива во љубовта

Јарецот ќе добие унапредување, Овенот ужива во љубовта

ОВЕН

Може да очекувате позитивни промени на работа. Ќе успеете да ги остварите своите планови. Среќни сте кога сте со вашиот партнер, и уживате во секој заеднички момент кој го имате со него. Ќе ви годи спортување.

БИК

Пред вас е добар период за промени кога е во прашање работата. Важно е да бидете фокусирани на своите цели. Доколку сте во брак, ве очекува поволен период за решение на некои проблеми. Водете сметка околу стомакот.

БЛИЗНАЦИ

Имате пред себе прилика да напредувате. Потрудете се да ги искористите новите работни понуди кои се пред вас. Надевајте се на позитивни околности кога е во прашање новото познанство. Здравјето без проблеми.

РАК

Денеска би можеле да донесете одлуки на работното поле кои ќе ви бидат значајни на долги патеки во иднина. Одлично се чувствувате покрај личноста која неодамна сте ја запознале. Избегнувајте било какви пороци.

ЛАВ

Посветени сте на својата работа и подготвени да го дадете максимумот за да ги остварите целите кои ги имате. Можно е ситуацијата со партнерот да е малку монотона за ваш вкус. Чувствителна кожа.

ДЕВИЦА

Многу сте отворени со соработниците и подготвени сте да правите компромиси за да остварите добра ситуација. Неопходно е повеќе да се посветите на саканата личност. Ќе ви годи масажа.

ВАГА

Судбината ви е наклонета во следниот период и на полето работа ги остварувате своите цели. Ви доаѓа шанса да запознаете личност со која е можна сериозна и стабилна врска во иднина. Проблеми со дигестивниот систем.

ШКОРПИЈА

Поволен е денот за почеток на нова работа. Генерално ве очекуваат добри промени. Можно е да не сте сигурни во својот партнер и се повеќе покажувате сомневање и љубомора кон него. Добро здравје.

СТРЕЛЕЦ

Се минува мирно кога е во прашање работата. Немате проблеми. Многу сте вљубени и подготвени на саканата личност да и покажете колку искрени ви е важна во животот. Минлива вртоглавица.

ЈАРЕЦ

Може да очекувате унапредување. Новите околности ви носат нови позитивни промени. Мало заладување меѓу вас и саканата личност може да доведе до криза во врската. Ќе ви годи вежбање.

ВОДОЛИЈА

Се оди според планот. Работната ситауција која ве загрижувала, конечно ќе се реши. Може да очекувате познанство со личноста која ќе покаже дека има искрени намери кон вас. Здравјето без проблеми.

РИБИ

Ве очекува поволен ден во кој ќе успеете да дојдете до нови информации кои ви се корисни за работата. Размислувате за брак и подготвени сте за сериозни промени и одлуки на љубовното поле. Внесувајте повеќе течности.