недела, 20. октомври 2019. Вести денес: 93
home Македонија

Јанчев реши уште еден децениски проблем во Кавадарци

Јанчев реши уште еден децениски проблем во Кавадарци

Оперативата на фирмата „Градба промет“ од Кавадарци започна поставување на бетонската подлога на коловозот на крак од улицата „25-ТИ Мај“. Според проектот се работи на бетонирање на улицата која се наоѓа над големиот потпорен ѕид. Предвидено е да се бетонираат 400 метри квадратни. По бетонирањето ќе следи изградба на пристапни скали. Со овој проект, кој општината го реализира на барање на граѓаните, ќе се обезбеди пристап на жителите од тој дел на градот. Општината со овој зафат им решава децениски проблем. Тие повеќе нема да газат прашина и кал, објави на Фејсбук, градоначалникот на општина Кавадарци, Митко Јанчев.