петок, 7. август 2020. Вести денес: 125
home Македонија

Изршителите треба да запрат со наплата, кои се исклучоците?

Изршителите треба да запрат со наплата, кои се исклучоците?

Владата денеска донесе уредба со законска сила за запирање на извршните дејствија на извршителите до 30 јуни.

Извршителите се должни да запрат со преземање на било какви извршни дејствија, освен:

– Во предметите за побарувања врз основа на законска издршка;

– Со распределба на средствата пристигнати на нивните посебни сметки, доколку за тоа се исполнети законските услови;

– Со дејствијата кои следат по наплатата на средства од должникот, успешно спроведени јавни надавања, или продажби со непосредна спогодба.

Уредбата утврдува дека работодавците на должниците, Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на РСМ и носителите на платен промет се должни да запрат со постапување по издадените налози од страна на извршителите до 30 јуни.

Основните судови се должни да донесат одлуки по поднесените приговори за незаконитости при извршувањето, а Апелационите судови по поднесените жалби против решението на судот по приговор, со цел да се создадат услови за непречена распределба на средствата пристигнати на посебните сметки на извршителите.

Уредбата влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република  Македонија“.

Коронавирус