вторник, 25. февруари 2020. Вести денес: 47
home Македонија

Иско може да го напушти Реал поради конфликтот со Солари

Иско може да го напушти Реал поради конфликтот со Солари

Фудбалерот од средниот ред на Реал Мадрид, Иско може да го напушти клубот, а причината за тоа е затегнатите односи што 26-годишниот Шпанец ги има со тренерот Сантијаго Солари.

Играчот одби да се ракува со тренерот по поразот во натпреварот од 13-тиот круг од шампионатот во Шпанија против Еибар (0:3).

Иско го бараат голем број европски клубови: Јувентус, Наполи и Манчестер Сити. Неговата вредност на трансфер пазарот се проценува на 90 милиони евра.

Во тековната сезона Иско одигра 13 натпревари за Реал, постигна два гола и оствари исто толку асистенции.

МИА