недела, 16. декември 2018. Вести денес: 0
home Македонија

Илиевски: Се бориме да ја зачуваме оваа држава која ја имаме (ВИДЕО)

Илиевски: Се бориме да ја зачуваме оваа држава која ја имаме (ВИДЕО)

Здружението „Граѓанска иницијатива за заедничка Македонија организираше протести низ повеќе градови во Македонија. Еден од организаторите на протестот, Богдан Илиевски секојдневно потенцираше дека борбата на македонскиот народ е да си ја зачува својата единствена држава. Борбата на народ кој чекори низ улиците, Илиевски ја поистовети со борбата која ја водеа големите македонски борци во 1905 година каде што борците во минатото се бореле за да ја добијат додека во сегашноста се борат да ја зачуваат македонската држава.

– Денес е исто така е еден важен ден. Песната која ја пееме вика „Со нас чекорат хероите“. Денес е 24 април, ден на кој во 1905 година својот живот со саможртва, храбро го положија: Петар Георгиев, Јордан Иванов, Бојче Павлев, Славејко Савинов, Иван Марков, Крсто Георгиев, Милан Симеонов,Урош Костадинов, Јованчо Стефанов, Ѓорѓија Влахот, Ванчо Србаков, Јонче Спасенов, сите предводено од големиот охридски војвода, Христо Узунов. Ве повикувам со громогласен аплауз да им одадеме почит на овие храбри борци. Она за што се бореле тие тогаш тоа е скоро истото за што се бориме и ние денес. Тие се бореле да ја добијат, ние се бориме да ја зачуваме оваа држава која ја имаме рече Илиевски