вторник, 21. септември 2021. Вести денес: 159
home Македонија

И напад врз лекар или здравствен работник ќе се смета за напад врз службено лице

И напад врз лекар или здравствен работник ќе се смета за напад врз службено лице

Со измените во Кривичниот законик, покрај врз новинар, и напад врз лекар или друг здравствен работник ќе се смета за напад врз службено лице.

Во законот, според најавата на министерот за здравство Венко Филипче, ќе има посебни кривични дела за присилба и загрозување на сигурност на лекари и здравствени работници.

-Во истиот закон како кривично дело ќе се внесе и спречување на лекарите и здравствените работници во вршење службено дејствие. На овие законски измени, неколку месеци работевме со Лекарската комора и Министерството за правда. Лекарите и здравствените работници ја вршат најхуманата работа на светот и секој од нас треба да биде свесен за улогата која ја имаат. Понекогаш во нивната работа постојат предизвици кои не се во нивни домен и не можат да ги надминат, но тоа не значи дека треба животот да им биде доведен во ризик. Почитувањето меѓу лекарите, здравствените работници и пациентите е заемно, вели Филипче.

Коронавирус