петок, 18. септември 2020. Вести денес: 166
home Македонија

Хрватите со денови зјапаат во неа: Мегалуксузната јахта на Меџик Џонсон од 150 милиони долари остава без здив

Хрватите со денови зјапаат во неа: Мегалуксузната јахта на Меџик Џонсон од 150 милиони долари остава без здив

Легендарниот американски кошаркар Меџик Џонсон моментално ужива на одмор во Хрватска.

Петкратниот шампион на НБА пристигнал на хрватското приморје на импозантна јахта која вреди неверојатни 150 милиони долари, а луксузното пловило привлекло огромно внимание кај Хрватите.

Јахтата наречена “Aquila” е направена во 2010 година и е долга неверојатни 85 метри. Тоа е најголемото американско пловило за лична употреба уште од дамнешната 1930 година. Меѓутоа, пред 4 години била целосно реновирана, па и во таа конкуренција повторно добила признание.

Интересно, таа е предвидена за само 12 гости, а за неа се грижат дури 28 членови на екипажот. Верувале или не, изнајмувањето на оваа убавица на 7 дена изнесува 945.000 долари.

Јахтата поседува кино, теретана, соба за масажа, спа, џакузи, ноќен клуб, најмодерна сателитска комуникација, луксузни апартмани, импресивна палуба, ресторан…

Меџик Џонсон по одличната кошаркарска кариера стана исклучително успешен и во бизнисот. Неговото богатство сега е проценето на една милијарда долари.

Коронавирус