петок, 30. октомври 2020. Вести денес: 0
home Хроника

Жител на Шемшово починал откако дрво паднало врз него

Жител на Шемшово починал откако дрво паднало врз него

Во СВР Тетово вчера попладне е пријавено дека на нива во месноста „Гомуша“, атар на тетовското село Требош, при сечење на дрво со моторна пила, во присуство на уште две други лица од тетовските села Џепчиште и Шемшово, дрвото паднало над Ј.К.(62) од Шемшово, кој се здобил со тешки телесни повреди, од кои веднаш починал, информи портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

Лекар од тетовската Брза помош констатирал смрт.

Увид извршиле екипа од СВР Тетово и јавен обвинител, по чија наредба безживотното тело на Ј.К. предадено му е на семејството.

Коронавирус