сабота, 18. септември 2021. Вести денес: 54
home Хроника

Жител на Пирава е тешко повреден, со тракторот имал сообраќајка

Жител на Пирава е тешко повреден, со тракторот имал сообраќајка
фото илустрација

На 14.09.2021 во 06:45 часот во Полициската станица Валандово било пријавено дека на место викано „Железнички мост“ во близина на село Пирава, валандовско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „алфа ромео“ со радовишки регистарски ознаки, управувано од К.Џ.(49) од село Калуѓерица, радовишко и трактор „фергусон“ управуван од М.С.(44) од село Пирава, валандовско.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот на тракторот, констатирани во Медицински центар Гевгелија.

Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Валандово.

Коронавирус