сабота, 17. април 2021. Вести денес: 14
home Хроника

Жител на Марена починал по пад од необезбедена тераса во Кавадарци

Жител на Марена починал по пад од необезбедена тераса во Кавадарци

Во СВР Велес синоќа во 19:28 часот било пријавено дека околу 18.00 часот, Т.Р.(72) од село Марена, Кавадарци, се повредил при пад од необезбедена тераса на куќа во Кавадарци. За ова денеска информираше Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.

По укажаната лекарска помош во болницата во Кавадарци, повредениот им подлегнал на повредите. Бил извршен увид на местото на настанот. (МИА)

Коронавирус