среда, 21. октомври 2020. Вести денес: 0
home Хроника

Жител на Кучевиште физички се пресметал со соселанец, по што посегнал и по оружје

Жител на Кучевиште физички се пресметал со соселанец, по што посегнал и по оружје

Жител на селото Кучевиште на возраст од 22 години во скопската полиција пријавил дека на 16. септември по полноќ, во угоситителски објект во селото, бил физички нападнат од 23-годишен соселанец, кој и претходно му се заканувал.

По овој инцидент, се случил и друг во близина на домот на 20-годишник од селото, кој бил заедно со претходно нападнатиот.

Пријавениот 23-годишник со автомобил дошол во нивна близина и испукал неколку куршуми од огнено оружје, по што го напуштил местото.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

 

Коронавирус