понеделник, 26. октомври 2020. Вести денес: 153
home Хроника

Жител на Градско испил апчиња со алкохол- во кома пренесен на Токсикологија

Жител на Градско испил апчиња со алкохол- во кома пренесен на Токсикологија

Ч.П. (58) жител на Градско испил апчиња со алкохол и во тешка здравствена состојба во кома бил однесен во Клиниката за токсикологија во Скопје.

Како што информираат од СВР Велес, на 3 април годинава вечерта околу 19:30 часот од дежурниот лекар на Итна медицинска помош Велес кај нив било пријавено дека лицето Ч.П било донесено во тешка здравствена состојба предизвикана со испивање на поголема количина апчиња и алкохол. Тој бил во кома и веднаш бил упатен на лекување во Клиника за токсикологија во Клиничкиот центар во Скопје.

Портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски информира дека станува збор за 58 годишник од Градско кој е психички болен и непресметлив. Тој веќе еднаш си ја палел куќата, а по овој настан, според нив, треба да биде згрижен во соодветна установа. (МИА)

Коронавирус