четврток, 26. ноември 2020. Вести денес: 59
home Хроника

Жител на гостиварско застрелан во стомак од огнено оружје

Жител на гостиварско застрелан во стомак од огнено оружје

 Триесет и четиригодишен жител на гостиварското село Корито вчера бил застрелан од огнено оружје во пределот на стомакот.

Од МВР соопштија дека околу 17:30 часот во Центарот за известување и команда Тетово, од Ургентниот центар Гостивар, било пријавено дека кај нив бил донесен А.Ш. со повреда од огнено оружје во пределот на десната страна на стомакот. Повредениот со возило на итна медицинска помош, бил пренесен во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Гостивар. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Коронавирус