петок, 18. јуни 2021. Вести денес: 58
home Хроника

Жител на Џепчиште фатен по извршени шест кражби

Жител на Џепчиште фатен по извршени шест кражби

СВР Тетово поднесе кривична пријава против О.М.(29) од с.Џепчиште, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторени шест кривични дела, поточно четири тешки кражби и две кражби.

Во декември 2020, на подрачје на Тетово со употреба на сила и погоден предмет влегол во три маркети и одзел производи, додека, во еден случај на улица со употреба на сила од Ф.З.(35) од с.Нераште, тетовско, одзел паричник.

Кривичните дела кражба ги извршил во два маркета, одземајќи пари. На тој начин пријавениот се стекнал со противправна имотна корист од 204.081 денари.

ЕУРО 2020

Македонија