вторник, 20. октомври 2020. Вести денес: 32
home Хроника

Жител на Албанија починал по пад од дрво во кичевско

Жител на Албанија починал по пад од дрво во кичевско

Повредено лице при пад од дрво во кичевското село Брждани било пријавено вчера во полицијата.

Екипа од Итната медицинска помош констатирала лицето има повреди на главата и дека е без знаци на живот.

-Полициски службеници извршиле увид и било утврдено дека се работи за лицето Т.И.(58) од Република Албанија со пријавен привремен престој во Кичево, информираат од МВР.

По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција.

Коронавирус