среда, 20. јануари 2021. Вести денес: 0
home Хроника

Зголемен бројот возачи без возачка дозвола на скопските сообраќајници

Зголемен бројот возачи без возачка дозвола на скопските сообраќајници

Од вкупно 32 возачи исклучени од сообраќај вчера 30 се без возачка дозвола, а само двајца возачи почетници. Информациите од СВР Скопје покажуваат дека и денеска, како и во изминатите денови, е голем бројот возачи учесници во сообраќајот без возачка дозвола.

СВР Скопје денеска соопшти дека од сообраќај се исклучени и 18 нерегистрирани возила.

Инаку, во вкупно 14 сообраќајни несреќи вчера во Скопје, шест лица се здобиле со лесни, а едно лице со тешки телесни повреди.

За непрописно паркирање издадени се 97 казни, а пајакот подигнал 89 возила.

Петнаесет возачи во текот на вчерашниот ден користеле мобилен телефон за време на управување со возилото. ц

Коронавирус