Жена е тешко повредена во сообраќајна несреќа која се случила вчера околу 22:50 часот на ул.„Димитар Влахов“ во Велес.
Од полицијата информираат дека автомобил „цитроен саксо“ со велешки регистарски ознаки, управуван од М.С.(23) од с.Долно Караслари, велешко, удрило во пешакот Е.З.(44) од Велес.
-Во незгодата, Е.З. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница Велес, посочуваат од МВР.
Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Велес.