среда, 30. септември 2020. Вести денес: 122
home Хроника

Жена тешко повредена во сообраќајка во Скопје

Од страна на увидна екипа од СВР-Скопје било излезено на местото на настанот и бил извршен увид.
Жена тешко повредена во сообраќајка во Скопје

Скопјанката Ј.Н. (77) е тешко повредена во сообраќајна несреќа  која вчера околу 10 часот се случила на улицата „Козле“.

Од полицијата информираат дека товарно моторно возило “Пежо Ван“ со скопски регистерски таблици управувано од И.И.(58) од Скопје удрило во пешакот Ј.Н.(77).

-Од незгодата со повреди се здобила жената- пешак, која со возило била пренесена во Ургентниот центар во Скопје, каде од страна на лекар и биле констатирани тешки телесни повреди, информираат од полицијата.

Од страна на увидна екипа од СВР-Скопје било излезено на местото на настанот и бил извршен увид и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Коронавирус