понеделник, 17. февруари 2020. Вести денес: 0
home Хроника

Жена тешко повредена во сообраќајка во Ѓорче

Жена тешко повредена во сообраќајка во Ѓорче

Сопатничка се здобила со тешки повреди во сообраќајна несреќа која вчера се случила меѓу две возила,

-Во 17,55 часот во Скопје на улица „Ѓорче Петров“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Фолксваген Голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Џ.(61) од село Рашче, скопско и патничко моторно возило „Мазда“, исто така со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.П.(54) од Скопје, информираат од МВР.

Сопатничката во возилото „Фолксваген голф“ М.Џ., била пренесена во Градска општа болница „8-ми Септември“ каде и биле констатирани тешки телесни повреди.

Извршен е увид на местото на настанот.