среда, 19. февруари 2020. Вести денес: 11
home Хроника

Жена тешко повредена во сообраќајка во Аеродром

Жена тешко повредена во сообраќајка во Аеродром

Четириесет и три годишната Н.Ф. од Скопје е тешко повредена во сообраќајна несреќа која вчера околу 12:15 часот се случила на булеварот „АСНОМ“ во скопски Аеродром.

Според информациите од полицијата во несреќата учествувале „Опел Корса“ со скопски регистарски ознаки, управувана од Љ.К.(63) од Скопје, „Форд Фиеста“ со скопски регистарски ознаки, управувана од Н.Ф.(43) од Скопје и паркирано возило „Алфа Ромео“ со бугарски национални ознаки сопственост на Л.Г.(37).

Во незгодата Н.Ф. се здобила со тешки телесни повреди (фрактура на ребра).

Полициски екипи извршиле увид на местото на сообраќајната несреќа.