вторник, 25. февруари 2020. Вести денес: 23
home Хроника

Жена тешко повредена во сообраќајка на патот Штип–Плачковица

Жена тешко повредена во сообраќајка на патот Штип–Плачковица

Жена е тешко повредена во сообраќајна несреќа која вчера околу 18 часот се случила на регионалниот пат Штип–Плачковица во близина на црквата “Света Петка“.

Од МВР информираат дека во несреќата учествувале автомобил „Ауди А3“ со штипски регистарски таблици управувано од Т.Ф.(29) во кое имало и двајца сопатници и мопед марка “Баотиан“ управуван од Д.Т.(32) од с.Борилчево- кочанско со сопатничката К.И.(30) од Пробиштип.

-Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката на мопедот која по укажаната помош била задржана на понатамошно лекување во Клиничката болница во Штип, се наведува во полицискиот билтен.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Штип и се работи на расчистување на настанот.