петок, 13. декември 2019. Вести денес: 131
home Хроника

Жена тешко повредена во пожар во куќа во Струга

Жена тешко повредена во пожар во куќа во Струга

Шеесет и две годишната Л.Д. се здобила со тешки повреди, изгореници, во пожар кој вчера избувнал во куќа на улицата „Боро Шаин“ во Струга.

-Истата била префрлена во Медицинскиот центар во Струга од каде поради сериозноста на повредите била пренесена во Комплекс Клиники “Мајка Тереза“. При извлекување на Л.Д. од собата со телесни повреди се здобила Ф.Д. (31) која била префрлена и задржана на лекување во Медицинскиот центар во Струга, информираат од полицијата.

Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Струга.

Извршен бил увид од страна на Полициската станица Струга и се работи на целосно расчистување на случaјот.