сабота, 15. август 2020. Вести денес: 36
home Хроника

Жена тешко повредена по удар од автомобил

Жена тешко повредена по удар од автомобил

Пешак е тешко повреден во сообраќајна несреќа која се случила вчера на улицата „Радован Цониќ“ во Тетово.

-Околу 15 часот, патничко возило „Мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки, што го управувал 24-годишниот тетовец Ф.Д, удрило во 43-годишната Џ.С. ( пешак ) од кичевското село Стрелци,м информираат од МВР.

Џ.С. задобила тешки телесни повреди и  пренесена е во тетовската клиничка болница за укажување на лекарска помош.

Полициски екипи на местото на несреќата извршиле увид.

Коронавирус