понеделник, 10. мај 2021. Вести денес: 0
home Хроника

Жена тешко повредена по судир на три возила

Жена тешко повредена по судир на три возила

На 12.04.2021 околу 15.00 часот на регионалниот пат Гостивар-Градец, на Врапчишки надвозник, се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно возило „рено маскот“, управувано од Х.Е.(37) од гостиварска Симница, патничко возило „мерцедес“, управувано од 33-годишниот Д.А. од гостиварска Горна Бањица и патничко возило „фолксваген голф“, управувано од Ф.Б.(62) од гостиварско Дебреше, сите со гостиварски регистарски ознаки, информира МВР.

Во незгодата, сопатничката од возилото „мерцедес“, Н.С.(83) се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“.

Увид извршила екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар.

Коронавирус