недела, 15. декември 2019. Вести денес: 0
home Хроника

Жена тешко повредена откако комбе излета од пат

Жена тешко повредена откако комбе излета од пат

С.Д.(54) е тешко повредена во сообраќајна несреќа која вчера попладне се случи на патниот правец Прилеп – Битола, во близина на клучка Лагово.

Несреќата се случила во момент кога Н.Д.(61) од Струга, управувајќи товарно возило „форд транзит“, со скопски регистарски ознаки, удрил во земјена препрека на патот.

-Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката С.Д.(54) и била пренесена во Градската општа болница Прилеп за укажување на лекарска помош, информираат од МВР.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Прилеп.