понеделник, 30. март 2020. Вести денес: 79
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Хроника

Жена тешко повредена откако автомобил излетал од пат

Жена тешко повредена откако автомобил излетал од пат

Педесет и четири годишната В.А. од Дебар е тешко повредена во сообраќајна несреќа која се случила вчера околу 21 часот.

Од полицијата информираат дека несреќата се случила на локалниот пат Ростушко анче – Ростуше, кога патничко моторно возило „Цитроен ксара“ со германски регистерски ознаки, што го управувал Н.А.(57) од Дебар, загубило контрола и излетало од коловоз.

-Со тешки телесни повреди се здобила сопатничката во возилото В.А.(54) од Дебар, која е пренесена во дебарската болница, а по укажаната лекарска помош, префрлена е во охридската болница, истакнуваат од МВР.

Извршен е увид на местото на настанот.