среда, 19. февруари 2020. Вести денес: 11
home Хроника

Жена тешко повредена од поранешниот сопруг додека била на прослава со колегите

Жена тешко повредена од поранешниот сопруг додека била на прослава со колегите

Четириесет и четири годишната Н.Н. синоќа пријавила дека додека била заедно со нејзините колеги на прослава во ресторан во Битола, физички ја нападнал поранешниот сопруг кој бил прустен во локалот.

Според пријавата пред крај на прославата М.Г. физички ја нападнал Н.Н. удирајќи ја со шлаканици, по што пријавителката повикала такси возило и си заминала во нејзиниот дом.

-После половина час М.Г. заѕвонил на вратата од домот на Н.Н. и откако отворила тој веднаш физички ја нападнал при што и се нанесени тешки телесни повреди. М.Г. продолжил да и упатува закани по нејзиниот живот, а почнал да ја крши и покуќнината по што од страна на соседите била повикана полиција, информираат од полицијата.

Се работи на целосно расчистување на случајот.