петок, 5. март 2021. Вести денес: 155
home Хроника

Жена со автомобил удрила во ѕид од куќа во Кавадарци, повредени две деца на три и четири годишна возраст

Жена со автомобил удрила во ѕид од куќа во Кавадарци, повредени две деца на три и четири годишна возраст

Две деца биле повредени во сообраќајка во Кавадарци, информираше денеска Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.

– Вчера во 16:30 часот сe случила сообраќајна незгода на ул. „Ќиро Спанџов“ во Кавадарци, во која автомобил „мерцедес“ со кавадаречки регистарски броеви управуван од С.М.(32) удрил во ѕид од куќа, при што, С.М. се повредила, исто така, се повредени и сопаниците, две деца, од три и четири години. Повредените биле пренесени во болницата во Кавадарци. Бил извршен увид на местото на настанот, појасни Додевски.

Коронавирус