среда, 3. март 2021. Вести денес: 2
home Хроника

Жена прегазена во Скопје, со тешки повреди пренесена во Клинички

Жена прегазена во Скопје, со тешки повреди пренесена во Клинички

Вчера во 14.30 часот било пријавено дека на крстосницата од бул.„Христијан Тодоровски Карпош“ и ул.„Ферид Бајрам“ во Скопје, патничко возило „форд фиеста“, со скопски регистарски ознаки, удрило во пешакот Р.Ц.(61) од Скопје и го напуштило местото на незгодата, информира МВР.

Во незгодата Р.Ц. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје. Се работи на расчистување на случајот.

Коронавирус