сабота, 6. март 2021. Вести денес: 68
home Хроника

Жена прегазена во Прилеп, со тешки повреди пренесена во болница

Жена прегазена во Прилеп, со тешки повреди пренесена во болница

На 14.01.2021 во 11.30 часот во Полициската станица Прилеп било пријавено дека на ул.„Кузман Јосифовски“ во Прилеп, патничко моторно возило „фолксваген голф“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Т.Ѓ.(55) од Прилеп, удрило во пешакот В.П.(71) од Прилеп, информира МВР.

Во незгодата, В.П. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница Прилеп.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Прилеп.

Коронавирус