сабота, 26. септември 2020. Вести денес: 67
home Хроника

Жена повредена во сообраќајка во Ѓорче Петров, познат нејзиниот идентитет

Жена повредена во сообраќајка во Ѓорче Петров, познат нејзиниот идентитет

Автомобил удри жена во Ѓорче Петров, во сообраќајна несреќа која се случи попладнево во 18:20 часот.

Како што дознава Курир од извори во МВР, во моментот на несреќата повредената С. С. (1958) возела велосипед на улицата „Ѓорче Петров“ во близина на општинската зграда.

Тогаш во неа удрило патничко моторно возило „Фиат Добло“ со скопски регистарски таблички.

КУРИР дознава дека повредената жена е префрлена на комплекс клиники „Мајка Тереза“.

 

Коронавирус