среда, 21. октомври 2020. Вести денес: 153
home Хроника

Жена потешко повредена по удар од автомобил

Жена потешко повредена по удар од автомобил

Повозрасна жена е потешко повредена откако била удрена од автомобил на раскрсница во Кисела Вода во Скопје.

– На крстосницата од улиците „Христо Татарчев“ и „1511“, во населба Кисела Вода вчера напладне патничко моторно возило „Сузуки“ со битолски регистарски ознаки управувано од Л.И.(49) од Скопје удрило во пешакот С.Т. (79) од Скопје. По незгодата С.Т. е пренесена во  Градска општа болница „Св.Наум Охридски“ каде што и се констатирани тешки телесни повреди и е задржана на понатамошно лекување, информираат од МВР.

Од страна на увидна екипа при СВР Скопје извршен е увид на местото на настанот. 

Коронавирус