петок, 22. октомври 2021. Вести денес: 171
Во живо

ВО ЖИВО: Мини митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Демир Хисар

home Хроника

Жена ограбена на скопскиот аеродром, додека ја претресувале и ги снемало 3.000 евра

Жена ограбена на скопскиот аеродром, додека ја претресувале и ги снемало 3.000 евра

Во 12,45 часот на Граничниот премин “Меѓународен Аеродром-Скопје“ од Стокхлом-Шведска допатувала 47-годишната A.B.P.E. од Глоговац-Косово, а со место на живеење во Шведска.

По извршената пасошка контрола и проверка дозволен и бил влез во Македонија, но во 13,15 часот од страна на вработен во безбедност на ТАВ, било пријавено дека таа сака да пријави настан на полициските службеници. Од страна на A.В.Р.Е. било пријавено дека додека и била вршена контрола врз нејзиниот багаж од двајца царински службеници и биле земени 3.000 евра.

Со пријавителката извршиле разговор и лица од Секторот за професионална одговорност на Царинската управа.

Се работи на расчистување на случајот.

Локални избори 2021