сабота, 18. септември 2021. Вести денес: 63
home Хроника

Жена од Тетово украла 400.000 швајцарски франци од својот сопруг – детали за случајот

Жена од Тетово украла 400.000 швајцарски франци од својот сопруг – детали за случајот

Секторот за внатрешни работи Тетово, до Основното јавно обвинителство Тетово, поднело кривична пријава против А.Х.(65) од тетовска Мала Речица и нејзиниот брат С.С.(56) од Босна и Херцеговина, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“.

Од МВР денеска информираа дека двајцата се сомничат дека во периодот од 4 до 8 јуни годинава, А.Х. му помагала на нејзиниот брат С.С. да украде 400.000 швајцарски франци од А.Џ.(80) од Мала Речица, кој е нејзин сопруг и да избега во Босна и Херцеговина.

По пријава на случајот во СВР Тетово, се наведува во соопштението од МВР, А.Х. исто така, заминала во Босна и Херцеговина и од нејзиниот брат ја одзела комплетната сума, по што заминала во Швајцарија.  (МИА)

Коронавирус