На 15.07.2018 година околу 20:30 часот во Куманово на улицата „Доне Божинов“ патничко моторно возило Рено Твинго со кумановски регистерски таблици управувано од А.П. (57) од Куманово удрило во пешакот Ц.Т. (52) од Куманово.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила Ц.Т. која по укажаната лекарска помош во Медицинскиот Центар во Куманово била препратена на понатамошно лекување во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Бил извршен увид на местото на настанот и се работи на целосно расчистување на случајот.