вторник, 14. јули 2020. Вести денес: 114
home Хроника

Жена ја скршила раката во автобус, паднала откако возачот закочил

Жена ја скршила раката во автобус, паднала откако возачот закочил

Педесет и пет годишната К.Н. од Скопје ја скршила раката во автобус откако возачот закочил.

Од полицијата информираат дека вчера во 18:50 часот во село Волково, С.С.(41) од Скопје управувајќи автобус “Ман” со скопски регистарски таблици, при разминување со друго возило ја намалил брзината на движење при што на подот паднала патничката.

-Од падот К.Н. се здобила со тешки телесни повреди (скршеница на десна рака во пределот на зглобот) и со возило на Итна медицинска помош е пренесена во Градска општа болница “8-ми Септември” за укажување лекарска помош, се наведува во полицискиот билтен.