понеделник, 18. октомври 2021. Вести денес: 89
home Хроника

Железничка несреќа меѓу Велес и Чашка, товарен воз удри во автомобил

Железничка несреќа меѓу Велес и Чашка, товарен воз удри во автомобил
илустрација

На пругата помеѓу железничките станици Велес и Чашка, поточно на патен премин кај с.Горно Оризари вчера околу 16?30 часот се случила железничка незгода помеѓу товарен воз и автомобил.

Возот сообраќал на релација Прилеп-Трубарево и се судрил со автомобил  „цитроен берлинго“, со велешки регистарски ознаки, управувано од Е.П.(46) од Велес.

-Во незгодата, возачот Е.П. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Медицинскиот центар Велес, информира МВР.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Велес.

Локални избори 2021