сабота, 8. мај 2021. Вести денес: 0
home Хроника

Заврши драмата во Струмица: Употребени и димни бомби, приведен вооружен маж

Заврши драмата во Струмица: Употребени и димни бомби, приведен вооружен маж

Драмата која трае од утрово во Вељуса, пред малку заврши. Како што велат очевидци за Струмица Денес,  Д.Г се предал откако биле употребени димни бомби.

На 04.05.2021 година во 08.15 часот во Полициска станица Струмица било пријавено дека во село Вељуса, струмичко Н.К. бил нападнат со остар предмет од страна на Д.Г. од истото село, информираат од СВР Струмица.

Струмица Денес беше на лице место. Osомничениот е вооружен и не се предава на струмичката полиција. Во случајот учествуваат и струмичките пожарникари. Струмица Денес пред малку од очевидци доби информации дека и специјалци биле вклучени во акцијата за апсење на вооружениот Д.Г кој се крие во неговиот дом, пренесе порталот.

Коронавирус