среда, 20. октомври 2021. Вести денес: 28
home Хроника

Затвореник правел измами во „Идризово“

Затвореник правел измами во „Идризово“

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Б.А.(34) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени три кривична дела „измама“.

Во периодот од 04.05.2021 до 18.07.2021 во Казнено-поправната установа -Затвор „Идризово“, пријавениот, кој се наоѓал на издржување казна затвор, во неколку наврати со лажно претставување и со лажно прикажување на факти, ги измамил И.Б.(50) од Тетово, Б.Ш.(36) од с.Селце и Н.Е.(50) од с.Џепчиште.

На тој начин пријавениот се стекнал со противправна имотна корист во вкупен износ од 60.175 денари.

Локални избори 2021