четврток, 20. јуни 2019. Вести денес: 0
home Хроника

Затвореник избега од затворот во Струга

Затвореник избега од затворот во Струга

Затвореник кој бил на издржување казна затвор во затворот во Струга, завчера избегал од затворот, информираат од СВР Охрид.

-Вчера во ПС Струга, овластено службено лице од казнено поправна установа-затвор Струга, пријавил дека претходниот ден во 21:50 часот, од затворот избегал С.А. кој бил на издржување на затворска казна, изјави Стефан Димовски, портпарол на СВР Охрид.

Полициската станица од Струга презема мерки за пронаоѓање на затвореникот.