сабота, 23. јануари 2021. Вести денес: 67
home Хроника

Затворени угостителски објекти во Скопје, сопствениците приведени

Затворени угостителски објекти во Скопје, сопствениците приведени

На 27.12.2020 во временскиот период од 16:00 до 23:00 часот на подрачјето на СВР Скопје во соработка со Државниот пазарен инспекторат извршени се зајакнати контроли во угостителски објекти при што се контролирани 297 објекти. Од преземените мерки и активности констатирани се непочитувања на законите на подрачјата на ПСОН Бит Пазар, ПО Сарај и ПС ОН Аеродром и објектите се затворени, а ќе следуваат и соодветни кривични пријави.

На 27.12.2020 во 18:20 часот во  објект  на ул.Отокар Кершовани,  сопственост на А. Ш. ,затекнати се гости, по што објектот е затворен од ДПИ, а против сопственикот ќе биде поднесена кривична пријава по член 206 од КЗ.

На 27.12.2020 во ресторан во с.Бојане сопственост на Б.Б. биле затекнати околу 80 гости, кои присуствувале на прослава. Прославата е прекината во 16:30 часот, по што од страна на ДПИ објектот е затворен, а ќе следува и соодветна кривична пријава.

На 27.12.2020 година во 19 часот во угостителски објект на ул.Венијамин Манчуковски се затекнати 9 лица-гости и објектот е затворен од страна на ДПИ, а одговорното лице Ј.Н. е приведено и ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Коронавирус