сабота, 10. април 2021. Вести денес: 89
home Хроника

Затворена чајџилница во Куманово, ќе биде поднесена кривична пријава

Затворена чајџилница во Куманово, ќе биде поднесена кривична пријава

 

На 06.03.2021 во 22.30 часот од полициски службеници од СВР Куманово е извршена контрола во чајџилница на ул.Карл Маркс во Куманово, сопственост на Ф.Б.(29) од Куманово, при што било констатирано дека објектот работел, односно не се придржувал до пропишаното работно време и во него биле затекнати околу 20 лица.

Објектот од страна на Државен пазарен инспекторат е затворен. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена пријава по член 206 од Кривичниот законик – „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

Коронавирус